13-годишник извршил полов напад врз 11-годишно дете

Од:

Тринаесетгодишник вчера во Скопје со присила извршил полов напад врз 11-годишно дете.

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 16:00 часот во близина на населбата Драчево, на патот за Китка.

– Додека 11-годишното дете си играло со другарите, во еден момент дошло другото дете на возраст од 13 години, кое под закана и со физичка сила го одвлекло во грмушки, каде што извршило обљуба врз него. Детето викало за помош, при што му помогнало лице кое работело во близина, додека пак 13-годишното дете се дало во бегство, стои во соопштението.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка