13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Од:

Со полагање цвеќе пред споменикот на загинатите струмичани од големиот пожар кој избувна над Струмица и притоа загинаа четири лица, а десетина беа повредени, беше одбележана тринаесет годишнината од овој трагичен настан.

Во пожарот животите ги загубија браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од село Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица.

-Одбележувањето на 13-годишнината од големиот пожар кај месноста „Двата пата“ нека биде потсетник за сите нас, дека со оган нема играчка, особено во период со високи температури треба да бидеме многу внимателни, посебно во шумски места, бидејќи многу лесно може да се предизвикаат големи трагедии. Нека им е вечен споменот на хероите Пено Стојанов, Блажо Стојков, Војо Гркљанов и Мите Ѓеоргиев и ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, рече претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Цвеќе беше положено и на местото на пожарот, кај месноста „Двата пата“.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип