Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 72 пациенти позитивни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 93 во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 40 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 18, Кавадарци 51, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 7 позитивни корона вирусот. И.
Вкупната бројка на пациенти позитивни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1238 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите.