12 прочистувачи за воздух донација од Ротари клуб за две градинки во Центар

Од:

12 прочистувачи на воздух денеска добија градинките „Кочо Рацин“ и „Наум Наумовски Борче“. Донатор е Ротари клуб Скопје – Камен мост. Со ова ќе се оствари значително подобрување на квалитетот на воздухот што го дишат децата за време на нивниот престој во градинката и ќе се намали ризикот од заболувањата на белите дробови и дишните патишта од загадениот воздух.

„Ова е еден од начините на кои се справуваме со загадениот воздух. Голема благодарност до Ротари клубот и општината ќе обезбеди средства за да може сите градинки и сите седум основни училишта во Центар да добијат прочистувачи за воздух“, рече градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Донацијата е овозможена од фирмата Екотип од произведувачот Blue Air од Шведска.

Претставникот на Ротари клубот нагласи дека проблемот со загадувањето е сериозен. Општина Центар, рече е првата општина која прифати ваквата донација и затоа се заблагодари за покажаната визија.

„Чистиот воздух треба да е привилегија за секого. Тука нема да застанеме. Центар е првата општина со вакви прочистувачи на воздух. Особено ме радува фактот дека расте свеста за неопходноста за чист воздух“, рече Илија Андреевски, генерален менаџер на Екотип.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски