Партиите и коалициите кои со свои кандидати учествуваат на претстојните парламентарни избори денеска на 12-тиот ден од изборната кампања ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ државата.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Свети Николе и во Штип, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има митинзи во Валандово и Гевгелија.
Централниот изборен караван на Коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократскиот сојуз ќе го промовира проектот ДЕКРИ и реформите во безбедосните служби во населбите Лисиче и Ново Лисиче.
Коалицијата ВМРО за Македонија во текот на денешниот ден ќе оствари средби со граѓаните на Валандово, Гевгелија и Богданци.
Демократската партија на Албанците организира митинг во тетовско Желино, а Алијансата за Албанците ќе има митинзи во Долнени и Кичево.