12 чешки полицајци се заразиле со коронавирус на македонско-грчката граница

Од:

Дванаесетте странски државјани кои во Гевгелија се заразиле со Ковид-19 се полицајци од Чешка кои работат на обезбедување на македонско-грчката граница, информираат од Министерството за здравство.

– Според информациите од Институтот за јавно здравје, се работи за полицајци од Чешка, кои работат на обезбедување на границата. Сите се изолирани во карантин во мотел/хотел „Вардар“, посочуваат од Министерството за здравство.

Чешките полицајци од 2016 година се дел од проект за заедничко обезбедување на европските гранични премини кои се наоѓаат на рутите кои ги користат мигрантите од Блискиот Исток и од Африка за да стигнат до земјите на Европската унија.

Во Гевгелија досега се регистрирани 73 случаи со КОВИД-19, од кои активни се 46.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава