„После точно една година борба, емотивни страдања, правен процес денес имаме јас и Мина голема победа. 12 години и 6 месеци казна!Ова е приказна која охрабрува и дека не треба да се кријат работите …прво и единствено е правото на детето!Мина те сакам ти си мојот херој, лавице моја!Благодарам на поддршката“, напиша актерката Весна Петрушевска на својот Фејсбук профил, објавувајќи ја пресудата за нападот врз нејзината ќерка.
Случајот беше обелоденет пред речиси една година, кога актерката на социјалните мрежи соопшти дека нејзината малолетна ќерка била жртва на педофил. По една година судот донел пресуда со која на скопјанецот обвинет за педофилија му е досудена казна од 12, 5 години затвор.