Вооружена престрелка во Гази Баба, едно лице повредено

Од:

Престрелка меѓу две групи попладнево се случила во Гази Баба. Неофицијално, вооружени лица пукале со автоматско оружје. Засега од МВР велат дека немаат информации за овој случај.

Оттаму потврдуваат само дека во градската болница св. Наум Охридски било донедено едно повредено лице, а пријавено е од страна на лекарите.

„Од страна на персоналот во болницата св. Наум Охридски беше пријавено дека околу 15:45 беше донесено едно повредено лице“, велат од МВР.

По престрелката се врши увид на улицата Ордан Чопела, која се наоѓа во близина на парк шумата Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва