112 нови случаи на Ковид-19, починати се 8 лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.

Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово на 73-годишна возраст, Струмица на 58 години, Делчево 55-годишен пациент, двајца од Струга на 80 и 74 години и тројца пациенти од Скопје на 53, 76 и 82 годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-8, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-10, Струга-6, Велес-4, Битола-3, Охрид-10, Кавадарци-2, Гостивар-13, Гевгелија-11, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-3, Кичево-3, Ресен-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6948, активни 683

• Куманово 1755, активни 180

• Дебар 285, активни 43

• Штип 1252, активни 49

• Прилеп 673, активни 126

• Тетово 1426, активни 159

• Струга 669, активни 49

• Велес 323, активни 34

• Битола 303, активни 62

• Охрид 426, активни 39

• Кавадарци 236, активни 47

• Гостивар 931, активни 89

• Гевгелија 125, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 242, активни 154

• Крива Паланка 107, активни 25

• Радовиш 79, активни 16

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 353, активни 152

• Пробиштип 112, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 12

• Пехчево 44, активни 3

• Берово 103, активни 36

• Валандово 32, активни 22

• Виница 111, активни 28

• Делчево 161, активни 78 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 25, активни 1

• Свети Николе 347, активни 39

• Кичево 326, активни 37

• Ресен 165, активни 16

• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1372 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-276, Биотек-184, МАНУ -184, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –37, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациент, нема пациенти на механичка вентилација, информираат од МЗ.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на Ковид-19, велат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска