110 граѓани побараа адвокат платен од државата за остварување на своето право за пристап до правда

Од:

Вложените напори на шест граѓански организации [Македонско здружение на млади правници – Скопје, Национален ромски центар – Куманово, Младински културен центар – Битола, ЕХО – Штип,
Избор – Струмица и 8-ми Септември – Скопје] за бесплатна правна помош, во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“, за само 10 месеци даваат охрабрувачки резултати за граѓаните. Дури 110 граѓани побараа да добијат адвокат платен од државата преку системот на бесплатна правна помош.

Најголемиот број од поднесените барања за бесплатна правна помош се однесуваат на проблеми од семејните односи, правото на азил и имотно правни прашања. Односно структурата е графички прикажана:

Screenshot_7

Во овие групи на правни проблеми за кои беа поднесени барања за бесплатна правна помош, доминантни се следните постапки за кои беше побаран правен застапник (адвокат) преку системот за бесплатна правна помош:

  • Заштита на деца
  • Заштита на жртви од семејно насилство
  • Оспорување и утврдување на татковство
  • Издршка на малолетно дете
  • Развод и издршка на малолетни деца, или развод и утврдување на татковство
  • Развод на брак
  • Спор по однос на долг за парични побарувања
  • Заштита на имот/сопственост
  • Утврдување на право на сопственост
  • Остварување на право од пензиско и инвалидско осигурување
  • Повреда на право од пензиско и инвалидско осигурување
  • Заштита на права од работен однос
  • Заштита на жртви на казнени дела
  • Баратели на право на азил (како баратели на бесплатна правна помош во постапката за признавање на право на азил)
  • Управна постапка/Постапка пред Управен суд

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска