11 сообраќајки, 10 повредени, санкционирани 14 пешаци

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и осум се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Триесет и седум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест поминале на црвено светло на семафор и шест возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Санкционирани се и 14 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 56 возила.

Во рамки на активностите за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, Одделението за превенција при СВР Скопје, РСБСП и ЈСП „Скопје“ денеска организира сообраќајно едукативен проект „Едукативен автобус“ на кое ќе присуствуваат ученици од ОУ „Братство“ од Карпош.

Со почеток во 10 часот поранешните вработени во ОХИС ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Република Македонија.

Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе пристигнат претседателите на Република Хрватска и на Република Словенија, Колинда Грабор Китанович и Борут Пахор.

За времена движењето на возилата под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе биде воспоставен посебен режим за сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници. Од сообраќајната полиција апелираат сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од страна на полициските службеници, а веднаш по поминување на колоната возила под придружба ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ