Од 22 часот вчера до 05 часот утрово, Министерството за внатрешни работи констатирало дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 558 прекршоци, известува МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.