11 повредени во сообраќајка кај Гостивар, се судриле четири возила

Од:

Единаесет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Гостивар-Кичево, а во неа учествувале три автомобили и еден минибус. Двајца од повредените се префрлени на скопските клиники, а другите девет се пуштени на домашно лекување.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 14 часот во близина на каменоломите, а во неа учествувале „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.М. (64) од Гостивар, минибус „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван Л.Р. (50) од Охрид, „фолксаваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Т. (51) од Кичево и „рено меган“ со дебарски регистарски ознаки, управуван Т.К. (39) од Дебар.

Возачите на возилото „голф“ и минибусот, како и сопатникот од „голфот“ и осум патници од минибусот, на возраст од 20 до 76 години, добиле повреди и биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. По укажаната лекарска помош, возачот на „голфот“, С.М., и патникот од минибусот М.З. (44) од Охрид, биле префрлени на скопските клиники, а другите биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он