11-годишно дете во критична состојба по страотна сообраќајка на патот Прилеп-Градско

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на местото на експресниот пат Прилеп – Градско, каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

Како што информира Јавното обвинителство, во несреќата автомобил „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.

Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете, кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.

Јавниот обвинител издал наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот.

Од местото се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Краделе кабли од „Железара“, направиле штета од стотици илјади денари

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски