11 албански државјанки протерани од Македонија

Од:

Единаесет албански државјанки се протерани од Македонија поради нелегален престој во земјава, информираат од МВР.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден при акциска контрола во струшките села Велешта и Радолишта биле откриени и приведени 11 албански државјани, поради нелегален влез и незаконит престој во Република Македонија.

За нив биле подготвени прекршочни пријави до Основен суд Струга, каде им биле изречени прекршочни казни.

Жените преку граничниот премин Ќафасан биле депортирани во Република Албанија, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена