109 нови случаи на Ковид-19, еден починат

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 672 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 57, Кавадарци – 10, Прилеп – 7, Куманово и Штип – по 4, Гевгелија и Охрид – по 3, Берово, Битола, Крива Паланка, Ресен, Струга, Струмица и Тетово – по 2, Валандово, Велес, Делчево, Кочани, Кратово, Неготино и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 27 реинфекции.

Регистрирани сe 130 оздравени пациенти од: Скопје – 74, Битола – 14, Берово – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Кочани – 4, Свети Николе – 3, Штип, Гевгелија и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Струга (76г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Направени се 672 тестови: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-40, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–38, Жан Митрев (Филип Втори)-8, Авицена-17, Биотек-19, Систина-17, лабораторија Лаор-9, Синлаб-8, Ремедика-2, Плодност-8, Генеа-8, Никоб Лаб-38, ВФВ Медикал-13, Ели Медика Плус-0, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 309.

Досега во земјата се направени вкупно 2.156.655 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.370, бројот на оздравени пациенти е 330.602, на починати е 9.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.265

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска