1085 новозаразени со коронавирус, починати се 12 лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-447, Куманово-69, Дебар-9, Штип-39, Прилеп-60, Тетово-62, Струга-14, Велес-50, Битола-28, Охрид-18, Кавадарци-20, Гостивар-35, Гевгелија-29, Струмица-80, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-3, Кочани-13, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-6, Виница-4, Делчево-10, Кратово-4, Свети Николе-5, Кичево-30, Ресен-4, Неготино-12.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје на 67, 68 и 52-годишна возраст, 27-годишен пациент од Куманово, тројца од Прилеп на 81, 82 и 49 години, двајца пациенти од Тетово на 87 и 77 години, еден од Битола на 84-годишна возраст, еден од Кавадарци на 67 години и еден пациент од Гостивар на 65 години. Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од: Скопје-142, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-21, Велес-6, Битола-13, Кавадарци-18, Гостивар-6, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-10, Неготино-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847.

Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 13621, активни 4584
• Куманово 2313, активни 439
• Дебар 345, активни 67
• Штип 1683, активни 281
• Прилеп 1349, активни 494
• Тетово 2198, активни 547
• Струга 833, активни 115
• Велес 772, активни 380
• Битола 698, активни 279
• Охрид 715, активни 250
• Кавадарци 512, активни 211
• Гостивар 1216, активни 213
• Гевгелија 399, активни 192 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 66 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 956, активни 553
• Крива Паланка 242, активни 92
• Радовиш 239, активни 83
• Крушево 30, активни 9
• Кочани 718, активни 229
• Пробиштип 203, активни 67
• Демир Хисар 84, активни 18
• Македонски Брод 105, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 211, активни 50
• Валандово 108, активни 42
• Виница 181, активни 70
• Делчево 256, активни 125 (64 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 54, активни 24
• Свети Николе 486, активни 90
• Кичево 579, активни 179
• Ресен 248, активни 64
• Неготино 158, активни 83 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3294 теста се преку: ИЈЗ-1310, ЦЈЗ Скопје-126, Авицена-483, Биотек-266, МАНУ -243, Жан Митрев (Филип Втори) -340, Систина со PCR метода -175, лабораторија Лаор –80, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-110, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-133, Ремедика-25, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 249.399 тестирања на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација, известува Министерството за здравство.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19, се наведува во соопштението на МЗ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска