105 возачи од територијата на СВР Штип добија казни за брзо возење, инвормираат од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (28.09.) во периодот од 13 до 19 часот полициски службеници од СВР Штип спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Штип, при што санкционирани се 105 возачи. Од нив 48 на територија на Штип, 17 на територија на Кочани, 15 на територија на Свети Николе… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.