Од Филе можна нова порака за политичката ситуација во Македонија

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе утре можно е да излезе со порака, која би содржела и предлог за решение на политичката ситуација во Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Откако дузина високи претставници на Унијата се јавија со коментар по дефинитивната одлука на опозициската СДСМ да ги бојкотира локалните избори, од Европската комисија, неофицијално, најавуваат дека утре ќе се огласи и првиот човек за проширување во чие портфолио е и пристапувањето на Македонија во ЕУ.

На прашањето дали и што ќе порача Филе во текот на утрешниот ден, неговиот портпарол Петер Стано не сака да открива детали.

– Да го почекаме утрешиот ден, загатнува Стано.

Извори на Комисијата кои инсистираат на анонимност, за МИА потврдуваат дека еврокомесарот за проширување ќе порача нешто “прагматично“ што би можело да се сфати и како предлог за излез од политичката криза во Македонија. Сепак, ниту нашите извори не сакаат да кажат што ќе биде содржината на “пораката“, која зависно од развојот на ситуацијата кај нас, можне е да биде испратена и в петок.

Како што е познато, минатата недела, односно на ден пред истекувањето на рокот за поднесување на кандидатски листи за учество на локалните избори, Филе излезе со соопштение во кое истакна дека ја одложува посетата на Скопје во рамки на четвртата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) и разговорите во рамки на подготовката на Специјалниот извештај на Комисијата за нашата земја.

– Фрустриран сум од недостатокот на напредок во ставањето крај на политичкиот застој во БЈР Македонија. Императив на политичките лидери во Скопје да биде превземање на одговорност и наоѓање на решение, демонстрирајќи зрелост на демократските институции со ставање на интересот на земјата и граѓаните на прво место, гласеше минатонеделната порака на еврокомесарот Штефан Филе.

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он