А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

103 нови случаи на Ковид-19, починати се пет лица

by А1он15/06/2020 - 13:0815/06/2020 - 13:531097
Share0

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-17, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-6.

Следете a1on на Instagram Instagram

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 80-годишен пациент од Куманово, хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје на 74-годишна возраст.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка на 73 години, примена на 11 јуни и 45-годишна пациентка, примена на 2 јуни. Во КБ Тетово почина пациент од Тетово на 65-годишна возраст, хоспитализиран на 6 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од: Скопје-10, Прилеп-2 и Тетово -1. Починати се 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241.

Од вчера регистрираните, три теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 1900, активни 1239
• Куманово 645, активни 225
• Дебар 61, активни 10
• Штип 244, активни 202
• Прилеп 230, активни 20
• Тетово 429, активни 253
• Струга 136, активни 58
• Велес 153, активни 30
• Битола 34, активни 7
• Охрид 72, активни 54
• Кавадарци 7, активни 2
• Гостивар 69, активни 44
• Гевгелија 8, активни 4
• Струмица 9, активни 6
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 55, активни 24
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 4, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 10, активни 9
• Кичево 3, активни 1
• Ресен 25, активни 24
• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 841 тест се преку: ИЈЗ –488 , ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –0, Биотек –0, Систина со PCR метода –105, МАНУ -95, Жан Митрев (Филип Втори) -131. Во денешниот извештај се внесени и вчерашните резултати од лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори). Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на Ковид -19.

Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид, информира МЗ.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, соопштуваат од Миистерство за здравство.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео