10-годишно момче и 14-годишно девојче-првите жртви на невремето во Тетово

Од:

Безживотното тело на 10-годишно момче испливало во надојдената вода во куќа во Голема речица, а девојче од четиринаесет години е донесено во безживотна состојба во тетовската клиничка болница по денешното невреме, информираат од СВР-Тетово.

Ова се за сега потврдените информации за жртви во големото невреме што го зафати овој регион, а билансот говори за уште три човечки жртви во тетовското село Шипковица, но случаите се непотврдени.

Поројните врнежи и излевањето на реката Пена во Тетово предизвикаа голема материјална штета, а последиците допрва ќе се утврдуваат. Од СВР-Тетово информираат дека има и повредени лица, оштетени возила и куќи.

До некои места пристапот е се уште невозможен. На патиштата има големи наноси од кал и камења кои се расчистуваат со расположливата механизација.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево