1.400.000 денари од општина Куманово за настраданите во Србија и БиХ

Од:

Општина Куманово донесе одлука со парична помош во износ од 1.400.000 денари да им помогне на настраданите граѓани од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. Градоначалникот, Зоран Дамајановски наведе дека Куманово како локална самоуправа има воспоставено пријателски односи со градовите Бјелина, Бања Лука, Јагодина и Горњи Милановац, па токму за нив ќе биде наменета оваа помош.

– Од буџетот на Општина Куманово ќе се издвојат средства за еднократна помош на најзагрозените градови, со кои ќе се набави вода, хигиенски средства, пелени, основни средства за дезинфекција и слично. Знаеме дека има голем број на градови, кои што се справуваат со оваа катаклизма, но имаме најголема морална обврска да им помогнеме на нашите збратимени, пријателски градови-нагласи тој.

Дамјановски додаде дека покрај оваа помош, веќе е договорено вработените во општината, претставниците на јавните претпријатија, установи и училишта по своја желба да издвојат дел од својата плата, со што ќе помогнат да се обезбедат адекватни средства за дезинфекција за поплавените места.

-Оваа акција не треба да се политизира, како што сакаат некои да ја претстават. Ние како град кој е солидарен и помага во тешките денови, ќе покажеме дека сочувствуваме со нашите пријатели.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски