Дрон од Либан удри во градинка во Израел

Од:

Дрон од Либан денеска удри во градинка во близина на градот Хаифа на северот на Израел, но нема повредени деца бидејќи во моментот на нападот биле во засолниште за бомби

Новинар на Асошиетед прес на местото на нападот ги видел расфрланите остатоци од дронот на детско игралиште.

Израелската војска соопшти дека Хезболах лансирала најмалку четири беспилотни летала во текот на денот и дека воздухопловните сили пресретнале некои од беспилотните летала.

Израелските медиуми јавија дека е погодено дрво во близина на градинката и дека дронот експлодирал, при што е причинета мала штета на зградата и оградата, а искршени се стаклата на градинката.

Сирените за тревога не се вклучиле во предградието на Хаифа, но вработените, свесни за предупредувањата во близина, превентивно ги однеле децата во засолниште.

Либанскиот екстремистички Хезболах се уште не ја презеде одговорноста за беспилотните летала лансирани денеска, но потврди дека истрелал проектили кон Израел.

Израелската војска соопшти дека истражува зошто сирените не се вклучиле во Нешер, каде што се наоѓа градинката.

Беспилотните летала претставуваат предизвик за израелските системи за противвоздушна одбрана и многу такви авиони го избегнаа пресретнувањето, предизвикувајќи штета и убивајќи луѓе.

Хезболах почна да го гранатира северен Израел на 8 октомври минатата година во знак на солидарност со палестинскиот Хамас во Појасот Газа.

Од почетокот на конфликтот во Либан, според либанското Министерство за здравство, повеќе од 3.200 луѓе се убиени, а над 14.000 се ранети.

Според податоците на кабинетот на премиерот, во Израел загинале 73 лица, а повеќе од 600 луѓе се ранети во оган од Хезболах.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан