Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Од:

Повеќе од две години трае истрагата што ја води обвинителката Валентина Бислимовска за проневерата во ФФМ направена од сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од сметката за луксузен живот. Бислимовска се правда дека истрагата не е завршена поради вештачењата што не ѝ се доставени. Смета дека проблем е и обемната документација што ја има за случајот.

„Јавниот обвинител го очекува постапувањето по наредбата за економско-финансиско и градежно-архитектонско вештачење. Со оглед дека се работи за голема документација и поинаков тип на вештачење, потребен е подолг период за негово завршување. Во меѓувреме, јавниот обвинител ги сослуша пријавените лица, како и одговорните и овластените лица на пријавените правни лица и лица вработени во ФФМ. Како што веќе истакнавме, се работи за обемна документација испратена на вештачење и во моментот не можеме да дадеме информации“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Скандалот за ФФМ избувна кога „А1он“ обjави за случајот. Главната сметководителка на Федерацијата, Олгица Младеноска, се сомничи дека со години допишувала нули на фактурите за да добие поголема сума пари од ФИФА и УЕФА, водела двојно книговодство, се договарала со фирми што ѝ давале разни услуги на ФФМ, а со кои го делела ќарот, и само во последните две години го оштетила буџетот на Федерацијата за повеќе од еден милион евра. Вработени во Федерацијата за „А1он“ велат дека Младеноска водела луксузен живот на сметка на ФФМ. Доаѓала на работа со чевли од 1.000 евра, со чанти што чинат неколку нејзини официјални плати, со скапи парфеми…

Случајот никако да стигне до Кривичниот суд. Обвинителката Бислимовска, која треба да утврди одговорност, е единствената што шефицата Вилма Русковска не ја сакаше во својот тим. Русковска ѝ даде првично негативна оценка, што значи дека му препорача на Советот на јавните обвинители да ѝ даде нов мандат. Потоа Бислимовска беше реоценета и доби минимални 18 бода за да може да добие нов мандат. Оваа обвинителка го застапуваше и обвинението за случајот „Поткуп“ против експремиерот Зоран Заев кога тој беше ослободен.

Кривичната пријава за случајот со ФФМ ја поднесе Управата за финансиска полиција во јули 2020 година, па во неколку наврати беше дополнувана. Пријавата е против 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиона евра.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ

А1он

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

Владата одлучи: Ивановски е нов в.д. директор на финансиската полиција, а Селами е избран за директор на ДЗС