Зголемени трошоците на живот во ноември

Од:

Трошоците на живот во ноември се зголемени за 0,7 проценти, а цените на мало бележат скок од 0,3 отсто во однос на октомври, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на живот се забележани кај лебот и житата за 3,8 проценти, сирењето и урдата за 2,3 отсто, месото за 2,1, маслото за 1,9, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,8 проценти, виното за 1,3, рибата, морските плодови и пивото за 1,2 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,7 проценти и жестоките пијалаци за 0,3 проценти.

Намалување е забележано кај свежото и разладеното овошје за седум проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0,8 отсто и млекото за 0,3 проценти.

Во споредба со ноември лани, трошоците на живот се зголемени за 4,8 проценти, а цените на мало за 6,2 проценти.

Би можело да ве интересира

Две третини од домаќинствата имаат автомобил, велосипед секое трето

А1он

Раст од три проценти на македонската економија во третиот квартал

А1он

ДЗС спаси повредено лице пронајдено над селото Маловишта

А1он

ДЗС: Во некои од урбаните средини, интензитетот на попишување се зголемува

А1он

ДЗС: Попишувачите имаат специјални овластувања и брендирани маици со логото Попис 2021

А1он

Зголемен прометот во индустријата

А1он