Зголемени субвенции за оризот и променети критериуми за сончогледот во Програмата за субвенции за 2019

Од:

Оризот да се одвои како посебна култура и за него да се зголеми субвенцијата од сегашните 6.000 денари на 18.000 денари за безсеменски ориз и од 12.000 денари за семенски ориз на 30.000 денари, се дел од новините предвидени во новата Предлог-програма за директни плаќања во земјоделството за 2019 година.

Програмата денеска беше презентирана на состанокот на потсекторските групи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на кој присуствуваа 50-тина претставници од земјоделските здруженија, стопански комори и компании од агросекторот.

Во секторот градинарство се воведува критериум за пријавување на збирни култури, односно при аплицирањето, земјоделците ќе ја прикажуваат збирната површина на различните засадени земјоделски култури.

Се предлага и промена на критериумот за приноси кај сончогледот, од сегашните 1.800 на 1.500 килограми, со цел поголемо производство и искористеност на субвенцијата за површини засеани со сончоглед.

– И следната година, МЗШВ ќе ја продолжи зголемената финансиска поддршка од 20 отсто кај растителното и 10 отсто кај сточарското производство за развојните категории на земјоделци, велат од ресорното Министерство, додавајќи дека субвенциите се креирани за да овозможат развој на земјоделството, зголемување на површините и на производството и создавањето на производи со поголема додадена вредност.

Предлозите во Предлог-програмата за директни плаќања во земјоделството за 2019 година, како што наведуваат од ресорното Министерство, биле позитивно прифатени од Подсекторската група во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Подсекторската група ќе одржи и работен состанок за Предлог-програмата за рурален развој за 2019 година.

Откако ќе бидат финализирани Предлог-програмите, ќе бидат доставени до Владата на усвојување.

Би можело да ве интересира

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна субвенција од шест денари по килограм оризова арпа

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето