Зголемени продажните цени на производители на индустриски производи на странски пазари

Од:

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,5 отсто на месечно ниво, а за 6,4 отсто на годишно ниво.

Во септември 2017, во споредба со август 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,4 проценти.

Во септември годинава, во споредба со септември лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 39,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за три проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата