Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи во август годинава се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 1,3 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во август во споредба со јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „преработувачка индустрија“ за 1 процент, а пониски се во секторот „рударство и вадење камен“ за 2,1 процент и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,1 процент. Во август годинава во однос на август лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење камен“ за 0,6 проценти, во „преработувачката индустрија“ за 2,1 процент, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се повисоки за 9,5 проценти.

На странските пазари продажните цени се повисоки за 1,7 проценти на месечно ниво, а  пониски за 1,3 проценти на годишно ниво.

Во споредба со јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот „рударство и вадење камен“ за 3 проценти, а повисоки за 2,2 проценти во секторот „преработувачка индустрија“.

Во однос на август минатата година продажните цени се пониски во секторот „рударство и вадење камен“ за 1,6 проценти и во секторот Преработувачка индустрија за 1,3 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он