Зголемени приноси на ориз од употребата на „Тераграмин“ во Кочани

Од:

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со фирмата „Скопски легури“ од Скопје на експерименталните површини поставени со опит со средството „Тераграмин“ на оризово поле кај селото Чифлик, денеска со жетвата на оризот ги добија очекуваните резултати.

Валентион Захариев од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кочани, објасни дека опитот бил поставен на површина од еден декар и до неа споредбена површина без аплициран „Тераграмин“.

– Целта беше да се види влијанието на овој нус производ врз структурата на почвата и растот на растенијата. „Теарграминот“ всушност претставува нус производ при производството на силико манган. Позитивно влијае врз физичко – механичките и водно – физичките својства на почвата. Ја подобрува нејзнината структура т.е водниот воздушиот и тополотнот режим на почвата. Ја прави лесно растресита со што станува полесна и поекономична за обработка. Со својата хидроскопност впива голема количина на влага која што постепено ја испушта, а со тоа ја одржува влажноста на почвата подолго време. Добиените приноси наместо 300 килограми од декар достигнаа 900 килограми од декар, што се над очекувањата, изјави Захариев.

Захариев истакнува дека ефектите од аплицирањето на „Тераграмиот“ врз приносите на оризот се покажале како мошне успешно, притоа истакнувајки дека во наредната сеидвбена сезона ќе се применува ова средство кај оризовата култура во кочанско.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена