Зголемени девизните резерви на Србија за 872 милиони или вкупно 14,77 милијарди евра

Од:

Бруто девизните резерви на Народната банка на Србија на крајот на јуни изнесуваат 14,77 милијарди евра, што е за 872,1 милиони евра повеќе од крајот на претходниот месец, јави дописникот на МИА од Белград.

-На ова ниво на девизни резерви, обезбедена е покриеност на паричната маса М1 од 136 отсто и петмесечен увоз на стоки и услуги, што е речиси двојно повеќе од стандардот што одредува соодветно ниво на покриеност на увозот на стоки и услуги со странски девизните резерви, соопшти Народната банка на Србија (НБС).

На крајот на јуни, нето девизните резерви (девизни резерви намалени за девизни средства на банките по задолжителни резерви и други основи) изнесуваат 11,90 милијарди евра и во однос на крајот на претходниот месец се зголемени за 613,9 милиони евра.

Зголемувањето на девизните резерви првенствено е резултат на активностите на НБС на домашниот девизен пазар (вкупен нето ефект од купување и своп трансакции во износ од 403,0 милиони евра).

На зголемувањето на девизните резерви во јуни дополнително влијание имаа и нето-продажбата на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар, управувањето со девизните резерви, донации и други основи (вкупен нето износ од 314,3 милиони евра), како и нето-прилив врз основа на задолжителната девизна резерва на банките поради вообичаените активности на банките (264,2 милиони евра).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра