Довербата во преработувачката индустрија во јули годинава е зголемена за 0,1 процентен поен во однос на претходниот месец и изнесува 19,9, а во споредба со ланскиот јули е зголемена за 2,1 процентен поен, оценуваат раководителите на деловните субјекти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јуни 2018 година.
Поповолна во однос на претходниот месец и во однос на јули 2017 година е и оценката за економската состојба на деловните субјекти. Се очекува да порасне и бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2018 година изнесува 67,9 отсто од нормалното, а најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 24,5 отсто, недоволната домашна побарувачка со 17,1 отсто, недоволната странска побарувачка со 15,2 отсто и неизвесното економско опкружување со 11,7 отсто.