Прометот во индустријата во јуни годинава е за 11,2 отсто поголем отколку во истиот месец од минатата година. При тоа пометот остварен на домашниот пазар бележи пораст од 9,4, а на странските пазари од 11,7 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во секторот Рударство и вадење на камен се бележи пораст од 21,9, а во секторот Преработувачка индустрија од 10,8 отсто.
Пораст од 27,4 отсто има и кај групата Интермедијарни производи, освен енергија, кај Капитални производи зрастот изенсува 11,4 а кај Трајни производи за широка потрошувачка за 23,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 96 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 отсто.
Прометот во индустријата во јуни година, во однос на претходниот месец е зголемен за 10,1 отсто, а во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период лани за 8,8 проценти.