Зголемен прометот во индустријата

Од:

Прометот во индустријата во август годинава во однос на август лани е поголем за 4,6 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи пад од од 5,2%, а на странски пазари пораст од 7,5%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст од 15,3%, а во секторот Преработувачка индустрија од 4,2%.

Според главните индустриски групи, прометот во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1%, Капитални производи за 10,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,4%, додека опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%.

Прометот во индустријата во август 2017 во однос на претходниот месец е поголем за за 2,4 отсто, додека во периодот јануари-август годинава во споредба со првите осум месеци од минатат година за седум проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата