Зголемен прометот со храна, пијалоци и тутун

Од:

Во трговијата на мало, во февруари годинава, споредено со февруари лани, имало зголемување на прометот во групата „трговија на мало со храна, пијалоци и тутун“ номинално за 2,3 процента, а реално за четири проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во групата „трговија на мало со автомобилски горива“ прометот номинално е зголемен за 12,1 проценти, а реално е намален за 5,9 проценти.

Намалување на прометот е забалежано во групата „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ номинално за 18 проценти, а реално за 16,4 проценти, и во „трговија на мало, освен трговија со горива“ каде што намалувањето номинално изнесува 9,2 процента, а реално за 8,4 проценти.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

Стапката на невработеност 12.3 отсто

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто