Зголемен бројот на странски туристи во Турција

Од:

Бројот на туристи во Турција во првите десет месеци од годината е зголемен за 28 проценти во споредба со истиот период од минатата година, јави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на податоци од турското Министерство за култура и туризам.

Во периодот од јануари до октомври во Турција престојувале вкупно 29 милиони и 53 илјади туристи.

Во октомври за 22 отсто е зголемен бројот на туристи во однос на истиот месец лани. Најголем број биле од Русија, околу 443 илјади, Германија, 413 илјади и од Иран, повеќе од 222 илјади.

Од јануари до октомври Турција најмногу била посетена од туристи од Русија – четири милиони и 565 илјади.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски