Зголемен бројот на работниците во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата минатиот месец е зголемен за 1,6 отсто во однос на август 2012 година.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 8,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија 1 процент, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците е зголемен кај Енергија за 7,5 отсто, Капитални производи за 0,3, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти.

Намалување е евидентирано кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,2 отсто.
Во периодот јануари-август 2013 година во однос на истиот период лани бројот на работниците во индустријата е зголемен за 0,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија