Зголемен бројот на работници во индустријата за 3,3 проценти во септември

Од:

Бројот на работници во индустријата во септември бил зголемен за 3,3 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Статистичките податоци покажуваат дека зголемен е бројот на работници во праработувачката индустрија за 3,8 проценти, а намален во секторот Рударство и вадење на камен за 0,5 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,2 проценти.

По главните индустриски групи, зголемување на бројот на работници во индустријата во септември имало кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2 проценти, Капитални производи за 14,9 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,2 проценти, додека опаѓање има кај Енергија за 0,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 процент.

Во периодот јануари-септември во споредба со истиот период минатата година бројот на работници е зголемен за 1,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата