Зголемен бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во првиот квартал годинава, во однос на истиот период лани е зголемен за 2,2 проценти. Во март годинава споредено со март минатата година бројот на работниците е зголемен за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Опаѓање на бројот на работниците за 4,3 проценти во март годинава спореден со март лани има во секторот „рударство и вадење камен“, за 3,1 процент во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, а пораст од 1,6 проценти во секторот „преработувачка индустрија“.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март  година, во однос на март лани бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,5 проценти, „капитални производи“ за 15,4 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 2,5 проценти. Опаѓање има кај „енергија“ за 6,6 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата