Земјоделството, хотелиерството и минералните суровини најинтересини за украинските бизнисмени

Од:

Украинските бизнисмени се заинтересирани инвестирање во земјоделство, хотелиерство, инвестиции во индустриската зона, експлоатацијата на минералните суровини, а пројавиле интерес и за инвестиции во секторот енергетика.

Претставници на Сојузот на стопански комори синоќа имале средба со стопанствениците од Стопанската комора на Украина, при што оствариле контакти со македонски компании од различни стопански дејности, како градежништво, метало преработувачка индустрија, туризам, земјоделство како и производство на вино и вода.

– Главни сектори на интерес се земјоделство, хотелиерство, инвестиции во индустриската зона, експлоатацијата на минералните суровини, а пројавија интерес и за инвестиции во секторот енергетика. Поконкретно по примерот на Русите во Црна Гора, сакаат да градат луксузни хотели, токму затоа денес и планираат посета во Охрид. Во секторот земјоделство се заинтересирани особено за откуп на македонски земјоделски производи од дистрибутивните центри и извоз не само во Украина и Русија, туку и во други делови на Европа. Условите за инвестиции во индустриските зони им изгледаат доста поволни. Украинските компании планираат од Македонија да извезуваат и финални производи од руда., се вели во денешното соопштение од ССК.

На средбата претседателите на Украинската стопанска комора и на претседателот на Сојузот на стопански комори Генади Чижиков и Златко Калеников потпишаа Меморандум за соработка.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана