Зеќири: 13 проценти од македонските граѓани се гладни

Од:

За опозицијата намерата на власта четврта година по ред да не ги зголеми платите на администрацијата, иако тоа го ветувал неколку пати премиерот Никола Груевски е верцерска процедура

„Ако е криза прво Владата треба да штеди па ќе бара и граѓаните да штедат. Не може Владата  да се луксузира. Не дозволувајте Груевски да го подметнува кукавичното јајце кај пратениците, и и вие по 4 –ти пат да ги измамите  административците“, рече радмила Шеќеринска.

Заменик министерот за труд и соцојална помош реплицираше дека на 280.000 пензионери за 550 денари наредната година ќе им бидат зголемени пензија, ќе се зголеми и социјалната помош.

„ Ние помагаме на социјално загрозените и најсиромашните а тоа не се административците. Секаде има отпуштање, само не кај нас.И во Белгија се намалува социјалната помош“, рече заменик-министерот.

„Царот е гол, премиерот е фатен во лага. Груевски неколку пати јавно изјави дека платите на администрацијата ќе се зголемуваат 5 проценти годишно. . Невкусни се споредбите со Белгија. Во Белгија се намалува социјалната помош, но се поголем број граѓани од Македонија бараат азил во таа земја“, врати Шеќеринска.

„Истражувањето на Брима галуп покажува дека 13 проценти од македонските граѓани се гладни. Тоа значи 270.000 граѓани  страдаат од глад“, рече Изет Зеќири од НДП.

Би можело да ве интересира

Во Собранието в петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Во Собранието седница за пратенички прашања

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски