Здружението на винари избира најдобри млади вина

Од:

Најдобри млади вина од годинашната берба грозје избира Здружението на винари од Македонија со седиште во Кавадарци.

Како што соопшти денеска заменик-претседателот на Здружението Елена Богева, изборот е во чест на празникот на млади вина „Божоле нуво” кој се слави  во разни земји од светот.

– Настанот е во  чест на денот на младото вино кој се празнува од 1937  година,  секој трет четврток во ноември. Ова е наша традиционална манифестација за оценување на новите вина произведени од домашни производители. Ја организираме заедно со Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, рече Богева.

Сите заинтересирани индивидуални винари можат да учествуваат во настанот со свои мостри вино. Квалитетот на мострите ќе го определува  комисија која ќе ги дегустира, оцени и награди најдобрите, а е составена од стручни лица, енолози.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8