Програмата за откуп на дел од огромниот грчки јавен долг, како услов за продолжување на кредитирањето од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд, ќе биде завршена денеска како што е предвидено, изјави претставник на грчкото Министерство за финансии.
– Потврдувам дека купувањето на обврзници ќе заврши во 17 часот по Гринич, а Агенцијата со управување со долгот, потоа ќе издаде соопштение, изјави неименуваниот извор.
Грција ја почна програмата во понеделникот, а учесниците ќе добијат шестмесечни записи издадени од Европскиот фонд за финансиска стабилност, во вкупна вредност од десет милијарди евра. Вкупно 20 серии грчки обврзници со номинална вредност од 62,3 милијарди евра во рацете на приватните кредитори е прифатливо за откуп.
ЕУ и ММФ минатата недела се договорија за испалата од 43,7 милијарди евра во Атина во четири транши од декември до март, со што Грција би избегнала банкрот, под услов да ја спроведе шемата за откуп на обврзници.