Заврши денешната расправа за ребалансот на Буџетот

Од:

Собраниската комисија за финасирање и буџет ја заврши денешната расправа по Предлог-измените и доплнувањата на Буџетот за 2018 година во второ читање. Расправата ќе продолжи утре во 11 часот.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата обвинија дека ребалансот е нераелен и дека со него нема да се постигнат предвидените стапки на економски раст. Нагласија дека со ребалансот власта значително ќе ги намали средствата во здравството и образованието.

За пратениците од владеачкото мнозинство, пак, ребалансот е со цел корекција на расходната страна поради обезбедување финансиска поддршка на општините и зајакнување надржавните институции.

Министерот за финансии вчера образложи дека ребалансот се базира на проекција за раст на реалниот БДП од 2,8 проценти во 2018 година, а буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 проценти од БДП. Со ребалансот, како што кажа, се очекува да се подобри фискалната позиција на општините, за што се предвидуваат три милијарди денари.

Согласно деловникот, расправата во Комисијата за финасирање и буџет, што започна вчера, може да трае најмногу три дена и треба да заврши утре.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Без проблем пројде Предлог-одлуката за утврдување на платите на функционерите

Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата

А1он

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

СДСМ ја напушти седницата за интерпелациите на неколку министри

Катерина Ѓуровски

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути