Застана растот на доларот, еврото се опоравува

Од:

Силниот раст на американскиот долар денеска беше запрен на азиското тргување, но американската валута се уште е на пат да ја заврши трговската недела со своите најдобри резултати во повеќе од еден месец.

Доларот утрово се повлече од највисоките нивоа забележани за време на тргувањето во текот на ноќта, каде еврото претрпе големи загуби, паѓајќи на најниското ниво во речиси две недели. Единствената валута на еврозоната закрепна 0,29 отсто на отворањето на пазарот утринава и се тргува за 0,9778 долари, пренесува Ројтерс.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата ривали, падна за 0,37 отсто на 112,55 поени, откако синоќа достигна речиси двонеделен максимум од 113,15 поени. Независно од тоа, индексот на доларот е на пат за неделна добивка од близу 2,0 проценти – нејзин најголем од септември.

Главниот добитник на берзите денеска е кинескиот јуан, кој силно скокна поради шпекулациите дека Кина ќе ги релаксира строгите мерки против Ковид.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Путин: Русија 65 проценти од плаќањата со земјите од БРИКС го врши во национална валута

Курсот на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во повеќе од една година

Доларот ослабе, курсот на еврото над 1,10 долари

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна, цената на нафтата падна