Заштита на автохтони сорти овошје во Делчево

Од:

Здружението на производители на органски производи „Аронија“ од Делчево ќе ги спасува од исчезнување автохтоните сорти овошје во Пијанец и Малеш.

Активностите се дел од проектот „Зачувување на автохтоните сорти овошни култури во источно-планскиот регион во Р. Македонија“ поддржан од Глобалниот еколошки фонд.

Како што истакна Фиданчо Христов од „Аронија“ на прес-конференција, во рамки на проектот ќе се изврши детерминација, испитување на здравствената состојба и ревитализација на автохтоните сорти овошје, а целта е обновување и зачувување на овие овошни култури.

– Во рамки на проектот се планираат три обуки на кои ќе учествуваат 75 овоштари од Делчево, Берово и Пехчево. Тие ќе се едуцираат како да се ревитализираат автохтоните јаболка, круша и сина слива, за да се обноват и да почнат да даваат род, рече Христов.

Според него, автохтоните сорти овошја даваат поквалитетен род, отпорни се на болести, не се прскаат и плодот има поголема калорична вредност.

Проектот ќе се спроведува до ноември идната година.

На здружението „Аронија“ ова му е е втор проект за зачувување на автохтоните овошни култури во Пијанец. Пред четири години се обновуваа насадите со јаболкото „циганка“ и крушата „сулија“, а беа засадени над 3.000и вакви садници во Пијанец и Малеш.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски