Започна „Новогодишната потрошувачка кошничка“ – намалени цени за над 800 производи

Од:

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти.
Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго, соопшти владината прес служба.

„Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен. Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да се утврди дека се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците. Во моментот вклучени се над 80 компании, а очекуваме и други компании и маркети да се приклучат со што листата во новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1.000 производи. Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови. Дадовме ветување пред граѓаните и се обврзавме на посветено, одговорно и домаќинско работење. Носиме мерки во интерес на граѓаните, ја враќаме надежта и градиме иднина за сите“, се вели во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дебакл и на новогодишната кошничка

Заврши новогодишната кошничка, денеска ќе се знае дали цените ќе се вратат на старо

Горан Наумовски

СДСМ: Политиките со „кошнички“ се покажаа како целосно промашени

Новогодишната кошница беше успешна, тврди Министерството за економија

СДСМ: Платите стагнираат, трошоците за живот растат – ДПМНЕ ги осиромашува граѓаните

Трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски