Заев се сретна со шефицата на мисијата на ММФ: Силен економски контекст за развој

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министреката за финансии Нина Ангеловска, вечерва се сретна со делегација Меѓународниот монетарен фонд предводена од Берглјот Бјорсон Баркбу, шефицата на мисијата на ММФ за земјава.

На средбата е заеднички констатирано дека стабилната политичка клима, добрите реформи, зајакнати капацитети на институциите, ефикасна администрација, фискалната стабилност се клучни за развојот на економијата во државава, соопшти владината прес-служба.

Оценето е дека Република Северна Македонија има силен економски контекст за развој. Нотирано е намалувањето на невработеноста. Изразена е согласност дека рационалните политики носат предвидливи резултати.

Заев ги објасни мерките што ги презема Владата за покачување на платите, како што се зголемувањето на минималната плата, што се очекува уште повеќе да ја покачи спиралата на покачувања на платите, субвенционирањето придонеси со цел да се мотивира покачувањето на платите во земјава, мерките за борба против сивата економија, адаптирањето на даночките политики, иницијативите за зголемување на капиталните инвестиции, со цел овозможување мотивирање на економскиот раст.

– Пред нас е важен политички и еконoмски период. Успешните интеграции директно влијаат на поголем интерес на странските инвеститори за вложувања во државата и на охрабрување за инвестирања на домашните мали и средни претпријатија. Како Влада насочени сме кон флексибилчни мерки за сите инвеститори. Ги зајакнуваме административните капацитети за да ја олесниме реализацијата на капитални инвестиции. Преку статегијата за развој на човечкиот капитал и посветеноста за развој на информатичките технологии ги мотивираме младите да живеат и работат во родната земја. Знаеме дека пред нас има уште многу работа, но сите сили ни се насочени кон подобар живот на граѓаните, кон зголемување на животниот стандард и кон економски развој на нашата држава, рече премиерот Заев на средбата со претставниците на ММФ кои се во редовна годишна посета.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ