Заев: Се бара начин да се исплати државната помош, апелирам банките да бидат флексибилни

Од:

Целта е финансиската поддршка од по 6.000 денари да стигне до секој граѓанин на кој по закон му следува, и не смее никаков административен рок, да биде проблем за тоа, порача премиерот Зоран Заев, барајќи флексибилност од банките и најавувајќи дека доколку е неопходно ќе се донесе и законско решение.

-Одредени одлуки веќе дадовме, а и самиот закон дава флексибилност. Приговорите се одговараат промптно, и се договараат и овие денови завршуваме. Апелирам до банките на флексибилност, прво и заради ковид да не се проширува. Целта е сите овие 27,6 милиони евра да допрат до сите граѓани, затоа што признаваме имаме слабости во евиденција за самохрани родители. Ако не е приjaвен во Центар за социјални работи, во Подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика, во Агенцијата за вработување, државата не може да знае во кој момент е некој самохран или не е. Тука се најголем дел од жалбите, потоа во активни и пасивни баратели на работа и мал дел кај пензионерите. Позитивно одговараме и преку тоа ги поправаме пропустите или на граѓаните или на институциите, но целта е парите да ги пуштиме, парите се за тоа во буџетот и овие пари ќе помогнат навистина на голем процент од најсиромашните граѓани во нашата земја, изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања денеска во Тетово.

Побара од банките максимална флексибилност, напоменувајќи дека нема рокови. -Иако по Закон е 25 декември, но сепак по право на жалба тој рок мора да биде продолжен. -Законски се покриени. Пуштивме писмо од Владата и Генерален секретаријат, но целта е навистина да не биде денот, рокот причина некој граѓанин да не ги добие парите што по закон му следуваат, рече премиерот..

Потенцира дека правните служби бараат решение и очекува да го најдат, но потенцира дека на крајот ако е неопходно законското решение ќе се донесе и во јануари.

-Сите треба да бидат еднакви. Не смее никаков административен или процедурален рок да ги доведе граѓаните во нееднаквост, истакна премиерот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески