Заев со претставници на Синдикатот на УПОЗ: Владата е отворена за соработка за да се дојде до решенија за отворените прашања

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски, од министерот за правда, Билен Саљији и од државната секретарка во Министерството за финансии, Елена Трпковска, денеска се сретна со претставници на УПОЗ, претседателот Пеце Груевски, генералниот секретар, Трпе Деаноски, потпретседателката за правосудство при УПОЗ, Верица Тасева и Димитар Гаќев, член на Претседателството и претседател на инспекцискиот одбор.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ ја поздравија определеноста на премиерот Заев и на новата Влада за социјален дијалог со синдикатите и за изнаоѓање решенија за отворените прашања.
На состанокот беше разговарано за повеќе актуелни прашања поврзани со судската служба, јавно-обвинителската служба и со државната администрација.

Премиерот Заев и министерот за финансии, Тевдовски, информираа дека вработените во инспекторатите ќе ја добијат задоцнетата плата по одржување на седницата на Владата, планирана за наредната недела.

Во однос на прашањето за степенот на кариера, премиерот Заев информираше дека во Владата веќе има формирано работна група и дека ќе биде најдено соодветно решение во скоро време.
Заеднички е ставот дека институциите имаат обврска да ја почитуваат одлуката за работното време.

– Отворени сме за соработка со Синдикатот на УПОЗ, со синдикатите и со сите чинители во општеството за дијалог бидејќи оваа Влада е определена заеднички со вработените и граѓаните да доаѓа до најдобрите законски и други решенија, рече премиерот Заев.

На средбата беше договорено соработката да продолжи и за другите прашања по однос на коишто денеска се изнесени алтернативи за нивно затворање.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Синдикатот на УПОЗ и даде поддршка на ранетата службеничка од прилепскиот Центар за социјални работи

Деаноски: Владата сама одлучи да си донесе износ на минималната плата од 1.800 денари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби