Заев: Платите во „Колска“ ќе се исплатат по деблокирање на сметката

Од:

Обезбедини се 2,7 милиони денари за плати на вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес и ќе бидат исплатени веднаш по завршување на правните процедури за деблокирање на сметката, информира денеска премиерот Зоран Заев.

Како што појасни, министерот за транспорт Горан Сугарески обезбедил 2,7 милиони денари за платите, но има определена процедура според закон во денови за да се одблокира сметката.

– Тоа е правна процедура. Законот не треба да се крши. Штом ќе биде одблокирана сметката од Управата за јавни приходи, на што работи новата директорка, платите веднаш ќе бидат исплатени, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Вработените во „Колска“ кои поради неисплатени шест плати и нерешен статус штрајкуваат еден месец, изутрина од седум до девет часот ги сопреа петте воза кои во тој термин поминуваат низ Железничката станица во Велес. Најавија дека ќе продолжат со блокадите се додека не им бидат исполнети барањата за исплата на платите и решавање на статусот на „Колска“. Блокада најавија и за утре од седум до 10 часот.

Слободан Димитриевски, претседател на синдикатот на „Колска“, изјави дека биле принудени да ги сопрат возовите кои во тој термин сообраќаат низ Велес, затоа што токму ЈП „Македонски Железници“ за поправка на товарни и патнички вагони на „Колска“ и должи шест милиони и 700 илјади денари.

– Бевме принудени на ваков чекор затоа што за извршени работни услуги на поправка на вагони имаме побарувување од МЖ. Вработените на „Колска“ штрајкуваат веќе цел месец бидејќи немаме земено шест плати за шесте месеци од годинава, а немаме ниту здравствено осигурување. Воедно бараме да се реши статусот на нашата фирма која со најголем процент е во државна сопственост, рече Димитриевски.

Најголем дел од вработените на „Колска“ сметаат дека најповолно решение кое со години наназад го бараат е тие да бидат дел и да се приклучат кон ЈП „Македонски Железници“ бидејќи нивната работа воглавно е поправка на товарни и патнички вагони.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада